X
 13.10.2018 Технологија

„Гугл транслејт“ додаде уште 13 јазици на кои може визуелно да преведува

Од оваа недела апликацијата „Гугл транслејт“ ќе може визуелно да преведува 13 нови јазици со користење на камерата на вашиот мобилен телефон.

Во 2015 година „Гугл“ ја додаде функцијата за визуелно преведување на апликацијата со поддршка на 27 различни јазици. Апликацијата им овозможува на корисниците да си преведат менија и разни знаци во самиот момент, олеснувајќи ја комуникацијата надвор од нивната земја. Оваа недела, меѓу другите, додадени се и виетнамскиот, непалскиот, пенџапскиот и други јазици.

Корисниците можат да пристапат до функцијата во апликацијата преку вклучување на камерата во рамките на самата апликација. Откако ќе ја вклучите камерата, ќе треба да ја насочите кон текстот што сакате да го преведете. Апликацијата ќе го скенира текстот и ќе овозможи превод на јазикот на кој сакате да ви биде преведено.

Меѓу достапните јазици е и македонскиот.

Новите надградби се достапни и на Андроид и на IOS-верзиите на апликацијата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија