X
 01.04.2020 Живот

Овие билборди со спојлери од сериите ќе ви го уништат денот ако излезете од дома

Остани дома - ова е пораката што сите, од нашите влади до нашите семејства и пријатели, ја повторуваат уште од почетокот на пандемијата. Во ред е ако треба да одите да купите намирници за да ви траат цела недела, но некои луѓе не сакаат да ги променат своите животи и излегуваат за да се забавуваат.

За да ги охрабрат луѓето да останат дома, студентите од училиштето „Мајами Ад Јуроп“ создадоа кампања каде што билбордите на „Нетфликс“ покажуваат спојлери од најпопуларните серии. Главната идеја е да покажат дека спојлерите можат да ги спречат луѓето да излезат кога немаат потреба, дури и ако ништо друго не ги спречува.

Двајца студенти од ова училиште во Германија направија лажна нетфликс-кампања: уметничкиот директор Сеин Конгруангкит и писателот Матитхорн Прахуабмох Чаимунгкало-Брејв. Секако, важно е да знаете дека проектот во никој случај не е поврзан со „Нетфликс“.

- Идејата почна кога Брејв сакаше да направи нешто за тајландскиот народ за да ја подигне свеста и луѓето да останат дома - вели Сеин.

- На почеток, тој го измисли хаштагот #homeไม่sick, па размислувавме и за други предизвици. Но, не беше толку популарно колку што очекувавме. Потоа се обидов да смислам други алтернативи, па ми текна на филмските спојлери бидејќи тоа е нешто што милениумците се обидуваат да го избегнат. Веднаш му кажав на Брејв, а нему му се допадна идејата. Тој се обиде да му ја продаде на „Нетфликс“ во Сингапур, но беше одбиен бидејќи брендот „Нетфликс“ никогаш не сака да открива спојлери за сериите.


Сеин вели дека откако идејата била одбиена од „Нетфликс“, таа му рекла на Брејв дека треба да ја објават некаде пред на некој друг да му текне.

Внимание, спојлери, доколку не сте ги гледале овие серии.

1
Фото: Miamiadschool

2
Фото: Miamiadschool

3
Фото: Miamiadschool

4
Фото: Miamiadschool

5
Фото:
Miamiadschool
Според Сеин, поголемиот дел од повратните информации беа позитивни, а некои дури и поверувале дека идејата е на „Нетфликс“.

- Сигурна сум дека нема совршена кампања. Секогаш постојат работи што може да се подобрат во кампањата. Немавме намера да ги доведеме луѓето во заблуда. Но, тажно е што „Нетфликс“ ја доби целата заслуга кога всушност е наш студентски проект - вели таа.
Извор: Bored Panda
Фото: Seine.site | Facebook | Twitter | Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот