Во последното деноноќие има 69 оздравени пациенти, потврдени се 29 нови случаи, а четворица граѓани починале од Ковид-19, информира Министерството за здравство.
Оздравените пациенти се во: Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10, Гевгелија -1.
- На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април – велат од МЗ.
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати е 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје – 509
- Куманово - 393
- Дебар – 51
- Штип-34
- Прилеп –153
- Тетово – 84
- Струга – 66
- Велес – 77
- Битола –19
- Охрид –15
- Кавадарци – 5
- Гостивар –17
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-5
- Радовиш - 4
- Крушево – 3
- Кочани – 31
- Пробиштип – 2
- Кичево – 2
- Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод -2
- Пехчево- 2
- Делчево-1
- Валандово -1
- Виница - 2