X
 18.02.2024 Здравје

Начинот на кој се будите може да биде знак за сериозни здравствени проблеми

Дали некогаш во текот на ноќта останувате без здив и се будите? Добри се шансите да не се будите од кошмар, туку од нарушување во спиењето кое може да биде претходник на сериозни здравствени проблеми. 

Клучната работа што треба да ја направите ако се разбудите на таков начин е да разговарате со вашиот општ лекар.

Овој загрижувачки знак може да биде симптом за апнеа при спиење, нарушување при спиењето кога престанувате да дишите.

Симптомите најчесто се појавуваат додека спиете, па тешко се забележуваат доколку не го делите креветот со некого.

Тие вклучуваат:

-Престанување на дишењето
-Воздивнување, шмркање или задушување
-Често будење во текот на ноќта
-Гласно 'рчење.

Вашиот партнер сигурно би се вознемирил од овие знаци. Може да се обидете да се снимате додека спиете ако се сомневате дека престанувате да дишите за момент. Сепак, симптомите на апнеа при спиење може да се појават и во моменти на будност, на суптилни начини. Пациентите може да забележат дека се чувствуваат многу уморни во текот на денот и покрај тоа што спиеле во текот на ноќта.

Можеби ќе ви биде тешко да се концентрирате и ќе имате промени во расположението. Уште едно црвено знаме за апнеа при спиење е будењето со главоболка.

Експертите советуваат да го посетите вашиот лекар ако се сомневате дека го имате ова нарушување или сте ги забележале овие симптоми.

Апнеата може да биде сериозна ако не се дијагностицира и не се лекува, па затоа е важно да внимавате. Тоа може да ве изложи на ризик од други здравствени проблеми, како што се висок крвен притисок, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија.

Извор: Klix.ba

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје