X
 01.06.2022 Живот

Во Македонија има 307 илјади празни станови, а само за две години биле завршени над 10 илјади

Од вкупно 839.174 станови во Македонија, 531.987 или 63,4% се населени, а 307.187 или 36,6% се ненаселени, покажал пописот на населението, домаќинствата и становите, а објави Државниот завод за статистика во рамките на третиот сет податоци од пописот.

Истовремено, податоците покажуваат дека лани во земјава биле издадени 4.069 одобренија за градење - најмногу во Скопскиот Регион, вкупно 1.414. Тоа е најголем број на издадени одобренија од 2008 година наваму, а приближен број одобренија претходно биле издадени во 2017 година - вкупно 3.390.

Од вкупно издадените одобренија за градба лани, за високоградба биле 2.440, за нискоградба биле 480 и за реконструкција 1.149.

За инвеститор, физичко лице биле издадени 2.264 одобренија за градба, и тоа: за физичко лице, високоградба 1.723, за физичко лице, нискоградба 5 и за физичко лице, реконструкција 536.

За инвеститор, деловен субјект биле издадени 1.805 одобренија за градба, и тоа: за деловен субјект, високоградба 717, за деловен субјект, нискоградба 475 и за деловен субјект, реконструкција 613.

izdadeni-odobrenija
Фото: ДЗС (за поголема резолуција, кликнете на сликата)

Последните податоци на ДЗС за завршени станови се од 2020 година и покажуваат дека таа година во Македонија биле завршени 4.077 станови, а најголем број од нив биле во Скопскиот Регион (1.543). Претходната 2019 година резултирала со 6.069 завршени станови, од кои неверојатни 3.624 биле во Скопскиот Регион, додека во 2018 година биле завршени 5.436 станови, од кои 2.669 во Скопскиот регион.

Излегува дека само во 2019 и 2020 година во Македонија биле завршени 10.146 станови.

Доколку се собере бројот на вкупно направени станови во Македонија во рок од десет години, од 2011 до 2020 година, излегува дека биле завршени вкупно 56.264 станови во целата земја. Од нив 25.654 се во Скопскиот Регион.

zavrseni-stanovi
Фото: ДЗС (за поголема резолуција, кликнете на сликата)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот