X
 01.07.2019 Култура

„Девојчето со жиците“ на Марјан Неќак - најдобра претстава на фестивал во Србија

„Девојчето со жиците“ на композиторот и режисер Марјан Неќак е прогласена за најдобра претстава на меѓународниот фестивал „Виминациум фест – стари и нови митови“, кој синоќа заврши на археолошкиот локалитет Виминациум во Србија.
Наградата едногласно ја додели стручно жири, според кое претставата е најдобра на годинашниот фестивал, а авторот Неќак презентирал софистицирани уметнички средства и силна музичко-драмска композиција за потресна, но истовремено и нежна претстава.
„Девојчето со жиците“ е современа драмска опера, копродукциски проект на Подвижен музички театар (Moving Music Theatre) од Битола и Словенско народно гледалишче од Љубљана. Во претставата настапија словенечките актери Барбара Церар и Урош Фурст.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура