X
 01.07.2021 Живот

Иако е еден од најбогатите во светот, Илон Маск живее во скромен дом од 50.000 долари

И покрај тоa нето-вредноста на богатството на вториот најбогат човек во светот, Илон Маск се проценува на 166 милијарди долари, тој вели дека не сака да поседува ништо, за да може да се фокусира на поголемите мисии како испраќање на луѓе на Марс.

Мултимилијардерот неодамна рече дека ги продал сите негови куќи во Калифорнија, освен една во Заливската област на Сан Франциско.

Но, на Маск сепак му треба место за живеење. На почетокот на претходниот месец, Маск на „Твитер“ објави дека неговиот дом сега е мала изнајмена куќа во Бока Чика, Тексас, во близина на локацијата за развој и тестирање на „Спејс екс“.

„Хјустон хроникл“ неодамна објави како изгледа внатрешноста на скромниот дом на Маск: буквално станува збор за кутија односно монтажен дом направен од „Боксабл“, стартап што прави модуларни инстант-домови.

- „Боксабл касита“, домот каде што живее Маск е поставен како студио-апартман, со една голема просторија поделена во дневна и спална, комплетно опремена кујна и бања со туш - пишува „Хроникл“.

Минатиот ноември, „Боксабл“ објави видео на „Јутјуб“ најавувајќи дека компанијата во Бока Чика изградила „Касита“ куќа за клиент од висок профил. Клиентот очигледно бил поврзан со „Спејс екс“ затоа што куќата прикажана на видеото има постер од „Спејс екс Фалкон 9“ на вратата.

Идентитетот на тој таен клиент стана уште појасен откако Маск објави на „Твитер“ дека неговиот сегашен дом е куќа од 50.000 долари во Бока Чика.



Извор: Observer.com
Фото: Boxabl/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот