X
 05.05.2022 Живот

TECH@FEIT - настан на ФСС ФЕИТ за промовирање актуелни технологии

Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) првпат оваа година ќе организира еднодневен, отворен настан за промовирање актуелни технологии и запознавање на студентите со нив под наслов TECH@FEIT. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на ФЕИТ на 7 април, од 10 до 14 часот.

- Концептот на овогодишното издание на TECH@FEIT е преку низа предавања студентите да се запознаат со функционирањето на блокчејн-технологијата, криптовалутите и нивната примена во општеството. На овој настан ќе зборуваат предавачи од различни области поврзани со блокчејн-технологијата и нејзината примена, имено информациските технологии, правните науки, економските науки, и математиката - стои во соопштението.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот