X
 01.08.2021 Живот

Зошто градинарството е добро за менталното и физичкото здравје?

Градинарството има поволности за менталното и физичкото здравје, а тоа го покажуваат сè поголем број истражувања.

Но еден експеримент, група испитаници трчале на лента и пред себе имале екран на кој гледале различни фотографии. Истражувањето покажало дека луѓето кои пред себе гледале зелен пејзаж додека трчале биле подобро расположени и имале поголема самодоверба од останатите. Кога истата фотографија им била прикажана на испитаниците во црно-бела верзија, резултатите не биле толку добри.


Фото: Pixabay

Во теорија, тоа може едноставно да значе дека зеленилото може да влијае терапевтски. Според експертите, лажните билки или предметите што се обоени во зелено не би го дале истиот ефект како гледањето во вистински растенија.

Според едно истражување, вежбите кои го насочуваат вниманието на личноста и го спречуваат размислувањето за минатото или грижата за иднината се важно терапевтско средство. Градинарството е класичен пример за таква вежба бидејќи целото внимание го насочувате на растението пред вас.


Фото: Pixabay

Освен тоа, со градинарството се поттикнува и социјалната интеракција доколку го правите заедно со најблиските или пријателите. Истражувања спроведени во заеднички градини покажале дека градинарството во ваквите места ги намалува осаменоста и изолацијата бидејќи поттикнува разговор со соседите.

Извор: EKapija
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот