X
 01.08.2023 Образование

Универзитетот во Приштина им забрани на професорите да работат на приватни колеџи

Професорите од Универзитетот во Приштина (УП) имаат рок до 20 септември да одлучат каде ќе работат - на државниот универзитет или на приватните колеџи, откако државната установа донесе одлука за забрана за нивен ангажман на колеџи или други приватни високообразовни институции во Косово.

Одлуката беше донесена минатата недела, а освен на приватните колеџи, универзитетот им забрани на професорите и ангажман преку редовен работен однос во други јавни институции, ангажман кој може да влијае врз исполнувањето на обврските на УП, како што се работи како судии, обвинители, министри, политички советници и слично.

Универзитетот им забрани на професорите и академскиот персонал да учествуваат и на промотивни или академски активности во прилог на друга образовна или истражувачка институција, така што ќе го оштетат конкурентниот карактер на УП на пазарот на високото образование.

Според косовската Агенција за статистика, бројот на студенти во оваа земја во академската 2022/2023 година бил 71.948, а од нив на јавните универзитети студирале 40.996, додека на приватните 30.952.

Извор: Kallxo

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование