Михаил Горбачов беше една од највлијателните политички фигури на 20 век. Тој беше на власт во времето на распадот на Советскиот Сојуз, кој постоеше речиси 70 години и доминираше со огромни делови од Азија и Источна Европа.
Кога ја започна програмата за реформи во 1985 година, неговата единствена намера беше да ја заживее заостанатата економија на земјата и да ги реорганизира нејзините политички процеси.
Неговите напори станаа катализатор за низа настани што доведоа до крај на комунистичкото владеење, не само во рамките на СССР, туку и во неговите поранешни сателитски држави.
За време на мандатот на Јуриј Андропов Горбачов како генерален секретар, Горбачов како претседател на постојаната комисија за младински прашања честопати патувал во странство. Во 1984 година, во текот на посетата на Лондон, тој се запознал со премиерката Маргарет Тачер и ѝ оставил силен впечаток.
- Ми се допаѓа Михаил Горбачов. Ќе можеме да соработуваме - изјави таа своевремено за Би-би-си, додавајќи дека е оптимист за идните односи со СССР.
Се очекувало Горбачов да го наследи Андропов кога тој починал во 1984 година, но наместо тоа, за генерален секретар бил назначен Константин Черненко, човек со нарушено здравје.
По една година починал и Черненко, а потоа го наследил Горбачов, најмладиот член на Политбирото. Тој бил првиот генерален секретар роден по револуцијата во 1917 година и се сметал за вистинско освежување по стагнацијата во годините на владеењето на Леонид Брежњев.
Неговото облекување со стил и и отворениот, директен пристап отстапувале од неговите претходници, а неговата сопруга повеќе личела на американска прва дама отколку на сопруга на генерален секретар.
Слободен пазар
Неговата прва задача била да ја заживее советската економија, која била на работ на колапс. Тој бил доволно остроумен за да сфати дека мора да донесе радикална промена во самата Комунистичка партија ако сака неговите економски реформи да успеат.
Неговото друго оружје за справување со стагнацијата на системот била демократијата.
Првпат се организирале слободни избори за Конгресот на народните пратеници.
Најтешкиот тест
Ова олабавување на угнетувачкиот режим предизвикало превирања меѓу многуте националности што го сочинуваа огромниот Советски Сојуз.
Немирите во Казахстан во декември 1986 година најавиле нов период на немири. Горбачов сакал да стави крај на Студената војна, успешно преговарајќи со американскиот претседател Роналд Реган за постепено укинување на цела класа оружје преку Договорот за нуклеарни сили со среден дострел.
Тој најавил и еднострано намалување на советските конвенционални сили, истовремено ставајќи крај на понижувачката и крвава окупација на Авганистан.
Но, неговиот најтежок тест дошол од земјите припоени од Советскиот Сојуз против нивна волја. Таму, отвореноста и демократијата довеле до повици за независност, кои на почетокот Горбачов ги задушувал со сила.
Распадот на СССР започнал во балтичките републики на север - Летонија, Литванија и Естонија се ослободиле од влијанието на Москва, предизвикувајќи лавина која се проширила на руските сојузници од Варшавскиот пакт. Сето тоа кулминирало на 9 ноември 1989 година, кога, по масовните демонстрации, на граѓаните од Источна Германија, најтврдокорниот од сите советски сателити, им било дозволено слободно да преминат во Западен Берлин.
Реакцијата на Горбачов не била да испрати тенкови, што бил традиционалниот советски одговор на таквиот отворен отпор, туку да објави дека обединувањето на Германија е внатрешно германско прашање.
Во 1990 година Горбачов ја добил Нобеловата награда за мир за водечката улога што ја одиграл во радикалните промени во односите меѓу Истокот и Западот.
Но, во август 1991 година, комунистичката стара гарда во Москва била презаситена и изврши воен удар, па Горбачов бил уапсен додека бил на одмор на Црното Море. Шефот на московската партија, Борис Елцин, ја искористил шансата и му ставил крај на пучот, апсејќи ги демонстрантите и лишувајќи го Горбачов од целата политичка моќ во замена за неговата слобода.
По шест месеци, работата на Комунистичка партија била забранета, а Русија тргнала во нова, неизвесна иднина. Горбачов продолжил да игра важна улога во руските и меѓународните работи, но неговата репутација во странство секогаш била поголема отколку дома.
Кога се кандидирал за претседател на Русија во 1996 година, освоил помалку од 0,5 отсто од гласовите.
Во текот на 90-тите години се приклучил на меѓународниот круг на предавачи и одржувал контакти со светските лидери, за многумина остана херојска фигура, а добитник е и на многу награди и признанија.
Тој беше остар критичар на актуелниот руски претседател Владимир Путин, кого го обвини дека води сè порепресивен режим.
- Политиката се претвора во имитација на демократијата, додека целата власт е во рацете на извршната власт - изјави Горбачов.
На неговиот 90-ти роденден во март 2021 година, претседателот Путин го пофали како еден од најистакнатите државници на модерното време кој остави значаен белег во историјата на Русија и светот.
Иако беше прагматичен и рационален политичар, Михаил Горбачов не сфати дека е невозможно да се спроведат неговите реформи без да се урне централизираниот комунистички систем што милиони во СССР и пошироко повеќе не го посакуваа.