Во поранешниот СССР луѓето сакале забавна математика и загатки. Обидете се да ги решите следните задачи кои им се давале на учениците во тогашната држава. Одговорите се на крајот од текстот.
Кој е бројот на местото за паркирање на кое се наоѓа автомобилот?
Во која насока се движи автобусот?
Како инспекторот ја препознал лагата?
Човек влегува во канцеларијата на полициски инспектор. Тој е многу нервозен и ја раскажува следната приказна.
- Утрово се вратив од одмор. Цела ноќ патував со воз. Не спиев многу, па кога се вратив, решив за легнам на каучот. Од умор, не сфатив дека пијаното исчезнало од собата, а поместени се и масата и фотелјата. На ова парче хартија нацртав како изгледаше собата пред да заминам - раскажал посетителот.
Инспекторот ја погледнал сликата и рекол:
- Пред сè, јасно ми е дека воопшто не сте имале пијано. Сега да дознаеме зошто ви беше потребна оваа лага.
Како инспекторот знаел дека немало пијано во собата?
Уметникот на оваа слика направил седум грешки. Можете ли да ги пронајдете?
Одговори
1. 87
2. Не може да ги видиме вратите на автобусот, па затоа е јасно дека се движи кон лево.
3. Обликуваниот засек на пијаното секогаш е на десната страна, па инструментот е нацртан погрешно на сликата, што покажува дека тој не знаел како навистина изгледа.
4. Знаците покажуваат различни насоки, но нема пат; дрвја не смеат да бидат под далноводите; сенките се спротивни во однос на насоката на светлината од Месечината; соѕвездието Голема Мечка е погрешно; Месечината не се наоѓа помеѓу Големата Мечка и поларната ѕвезда; нема изолатори на далноводите; автомобилите се движат во спротивни насоки, но се на пат со една еднонасочна лента.
Извор и фотографии:
Russia beyond
Насловна фотографија: Pixabay