Во 1957 година се случила огромна нуклеарна несреќа во тајната нуклеарна станица „Мајак“ во Советскиот Сојуз. Во тоа време таа била најголема нуклеарна катастрофа во историјата. Тогаш, зошто никој не слушнал за неа?
И покрај нејзината големина, советските власти успеале да ја одржат во тајност речиси четири децении, а деталите за разорната несреќа што денес е позната како „катастрофата Киштим“ остануваат нејасни.
Станува збор за нуклеарна несреќа што се случила во тајната нуклеарна станица „Мајак“ во СССР. Во тоа време таа била најголема нуклеарна несреќа во историјата. И покрај нејзината големина, советските власти успеале да ја држат во тајност речиси четири децении.
Приказната за „Мајак“ и нејзиното прикривање се поврзани со раните денови од трката во Студената војна. Кога Сталин дознал за американската нуклеарна програма, дал наредби да се забрза проектот за атомска бомба на Советскиот Сојуз. Државата била вклучена во изградба на неколку тајни локации, а меѓу нив бил и хемискиот комбинат „Мајак“ каде што била произведена првата советска атомска бомба.
Во близина имало таен затворен град под шифрираното име Челјабинск-40. Тоа бил атомски град што не постоел на мапата, а луѓето што живееле во него, како и нивните семејства, официјално не постоеле. Повеќето од нив работеле во „Мајак“.
Проблем било тоа што нуклеарните објекти во „Мајак“ биле изградени набрзина. Сталин ѝ топ приоритет даде на нуклеарната програма на СССР со цел да биде во чекор со програмата на САД. Поради брзината на изградбата, честопати биле игнорирани безбедносните и сигурносните регулации.
На почетокот СССР го фрлал нуклеарниот отпад од „Мајак“ во близина на реката Теча, загадувајќи го изворот за вода за илјадници селани. Откако ја сфатиле опасноста на оваа активност, почнале да го фрлаат нуклеарниот отпад во подземни складишта.
Во 1957 година, поради дефект во системот за ладење, експлодирал подземен магацин со течен радиоактивен отпад. Експлозијата била толку силна што ослободила огромна количина на радијација во атмосферата.
Се смета дека ова е втора најголема нуклеарна катастрофа веднаш по
Чернобил.
Експлозијата сериозно ја контаминира областа околу „Мајак“. Речиси 500.000 луѓе биле изложени на радијација, а 11.000 луѓе од 23 села биле евакуирани.
СССР во тој период бил опседнат со тајност, па затоа на жителите никогаш не им било објаснето зошто биле евакуирани. Им биле кажани неколку приказни, на пример, дека имало епидемија од некаква болест.
Целата катастрофа се држела во тајност веројатно затоа што самиот проект за атомската бомба бил таен, односно нуклеарната станица „Мајак“ се држела во тајност. Друга причина е тоа што СССР го испрати првиот „Спутник“ во орбитата, што било огромен успех и огромна пропаганда за СССР. Така што, објавувањето за оваа катастрофа би имало катастрофални последици за СССР.
И по неколку децении катастрофата остана долго чувана тајна. Дури по распаѓањето на СССР почнале да излегуваат детали за несреќата и за нејзините ужасни последици.
Тешко е да се каже колку починале од болести, главно од рак, бидејќи ефектите биле долгорочни, па нема јасни податоци за ова. Но, се смета дека бројките достигнуваат над 10.000.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/BBC