X
 01.09.2022 Наука

Наскоро ќе сведочиме на судир на две големи црни дупки

Астрономите мислат дека наскоро ќе сведочиме на важен астрономски настан. Нивните набљудувања посочуваат дека две супермасивни црни дупки со вкупна маса еднаква на околу 300 милиони сонца ќе се судрат наскоро.

Доколку процените на астрономите се точни, судирот на двете црни дупки ќе биде запишан во историјата како еден од најголемите астрономски настани во модерното време. Астрономите сметаат дека црните дупки ќе се судрат во наредните три години.

Сепак, тие велат дека е потребно дополнително набљудување за да се потврди дека двете црни дупки ќе се судрат како што се очекува.

Првиот судир на две црни дупки бил забележан во 2015 година, а бил регистриран преку гравитациски бранови кои се испратиле за време на настанот. Меѓутоа, судирот бил забележан откако се случил.

Затоа, судирот кој го очекуваат астрономите би можел да биде првиот што астрономите ќе го гледаат „во живо“.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука