Американецот Брајан Шелтон боледува од дијабетес тип 1, но би можел да биде првиот излекуван човек од оваа болест. Шелтон учествува во пробен третман со инфузија на матични клетки. По третманот, телото на Шелтон било во состојба самостојно да го контролира шеќерот. Затоа, се смета дека Шелтон е излекуван од оваа болест.
Шелтон имал 57 години кога му бил дијагностициран дијабетес тип 1. Тој учествувал во клиничко испитување за лекување на болеста од компанијата „Вертекс фармасутикалс“ од почетокот на годинава.
Компанијата тестирала третман кој со децении го развивал научникот Даг Мелтон од Универзитетот „Харвард“, кој се заколнал дека ќе пронајде лек за болеста од која боледуваат неговите син и ќерка. Шелтон бил првиот пациент што го добил третманот на 29 јуни. По третманот, неговото тело автоматски го контролира нивото на инсулин и шеќер во крвта.
Фото: Pixabay
Шелтон сега има 64 години и може да биде првата личност што се излекувала од болеста која ја имаат милиони луѓе во светот. Испитувањето на третманот продолжува и ќе трае 5 години, а во него учествуваат 17 лица со тешки случаи на дијабетес тип 1.
За разлика од дијабетес тип 2, оваа болест може да биде смртоносна ако пациентот веднаш не прими инсулин и не се подобрува со текот на времето. Пациентите може и да ослепат и да имаат проблеми со бубрезите поради болеста.
Извор:
Klix
Фото: Pixabay