Долг живот и среќа. Доколку овие две работи не се на вашата листа со приоритети, тогаш треба да бидат!
1. Обрнете внимание на вашата исхрана
Ова веројатно го знаете и самите, меѓутоа, никогаш не е доста од овој совет - колку здраво се храните, толку среќно ќе живеете. Јадете посвежа храна, овошје, зеленчук, пијте повеќе вода и јадете зрнесто овошје. Кога станува збор за животински протеини, доколку морате да внесувате, јадете риба и бело месо. Намалете ги шеќерот и кофеинот.
2. Секогаш бидете активни
Заедно со здравата диета оди и физичката активност. Можете да се одлучите за секојдневни активности, како пешачење и лесни вежби. Доколку сакате потешки вежби, можете да посетувате фитнес-сала, аеробик или зумба. Не е важно за што ќе се одлучите, важно е да останете активни. Не само што ќе бидете поздрави и ќе живеете подолго, туку и истражувањата велат дека ќе се чувствувате подобро и ќе бидете посреќни.
3. Обидете се да го намалите стресот
Стресот во модерната доба се смета за „тивок убиец“. Стресот некогаш не може да се избегне, без разлика на тоа колку многу се обидуваме. Она што можеме да го направиме е да научиме техники и методи кои би ни помогнале во управувањето и справувањето со него. Пронајдете неколку такви техники, на пример, медитација, јога, пишување дневник, сликање или цртање, а исто така истражувањата покажуваат дека посвојувањето домашно милениче се покажало како ефикасен метод против стресот.
4. Социјализирајте се
Дружете се со вашето семејство и вашите пријатели. Обидете се и со некое ново хоби - ова ќе биде одличен начин да го проширите вашиот социјален круг. Изолацијата води кон депресија, која е нешто што мора да го избегнувате. Излезете и почнете да се социјализирате.
5. Прифатете ги вашите верувања
Религијата е нешто лично, меѓутоа, духовноста и верувањето се нешто што покажало дека води кон подолг, посреќен и поисполнет живот. Оттргнете се од телевизијата и другата технологија и обезбедете си време за духовно да се развиете. Оваа позитивна енергија ќе ви помогне и ќе ви ги „наполни“ батериите.
6. Имајте квалитетен сон
Доколку постои една област од животот на речиси сите луѓе на која најмалку се обрнува внимание, тоа е спиењето. Недостигот на сонот ги прави луѓето нервозни, депресивни и непродуктивни. Минимумот за спиење е 8 часа - помалку од тоа предизвикува страдање на организмот.
7. Избегнувајте ги пороците
Постојат неколку работи што дефинитивно треба да ги избегнувате доколку сакате вашиот живот да го живеете здраво и среќно. На врвот на листата се наоѓаат вистинските убијци: пушењето и пиењето алкохол. Доколку ги отстраните овие два убијци, тогаш можете да се надевате на подолг, поздрав и посреќен живот.