X
 02.02.2023 Образование

182 ученици од Куманово се отпишале од училиште во првото полугодие поради селење во странство

Од почетокот на учебната година, заклучно со денеска, од кумановските основни училишта се отпишале 201 ученик и 34 од средните училишта, соопштија денеска од општинскиот сектор за образование. Во кумановските основни има вкупно 10.097 ученици и 4.126 во средните.

- Во учебната 2022/2023 година во општинските основни училишта, со состојба до 2.2.2023 година, се отпишани вкупно 201 ученик од вкупно 10.097 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 37 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Македонија, а 164 ученици се отпишани поради преселба во друга држава. Во учебната 2022/2023 година во општинските средни училишта, со состојба до 2.2.2023 година, се отпишани вкупно 34 ученик од 4.126 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 16 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Македонија, а 18 ученици се отпишани поради преселба во друга држава - информираат од секторот.

Лани состојбата била уште полоша, посочуваат од секторот. Од основните се отпишале 220 ученика, од средните 60. Куманово, сепак, е најголема општина, па во училиштата тогаш имало над 10.000 основци и скоро 4.500 средношколци.

Околу 130 ученици се испишале од прилепските училишта во првото полугодие

- Согласно добиените информации од основни училишта од Општина Куманово, во учебната 2021/2022 година во општинските основни училишта се отпишани вкупно 220 ученици од вкупно 10.209 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 65 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Македонија, а 155 ученици се отпишани поради преселба во друга држава. Согласно добиените информации од средни училишта од Општина Куманово, во учебната 2021/2022 година во четирите општински средни училишта се отпишани вкупно 60 ученици од вкупно 4.423 запишани ученици. Од отпишаните ученици, шест ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Македонија, а 54 ученици се отпишани поради преселба во друга држава - велат од секторот.

На последната седница надлежните кажаа дека трендот на отселување не го одминува Куманово, иако е најголема општина во државата, а изразија и стравување за масовно отселување по најавите дека Германија ќе донесе ново олеснување на визниот режим и со тоа да дојде до дополнително иселување од градот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование