X
 02.03.2023 Живот

Дојави за бомби утрово во 18 училишта во Скопје

Дојави за поставени бомби утрово пристигнале на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, каде што во тек се антитерористички проверки, соопшти МВР.

-Денеска до 08:20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.

Вчера пристигнаа пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје, а по сите направени проверки од страна на МВР беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.

Изминативе денови на електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Скопје и во Прилеп пристигнаа закани за поставени експлозивни направи, поради што Министерството за образование и наука предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот