X
 03.02.2023 Образование

Први дојави за бомби во второто полугодие - заканата испратена до осум средни училишта

Осум средни училишта во Скопје денеска добиле закани за бомби на електронските адреси, соопшти Министерството за внатрешни работи.

- Денеска (3.2.2023) околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа - соопштија од МВР.

Оттаму додаваат дека веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование