X
 14.06.2017 Култура

Британците бараат германски пасош

britanija

Бројот на Британците кои зеле германско државјанство порасна за 361% во текот на минатата година. Причината за тоа е секако, загриженоста околу Брегзитот кој, во зависност од резултатот од преговорите, може да им ја отежне можноста на Британците да живеат и работат во ЕУ.

Германската сојузна канцеларија за статистика вели дека минатата година 2.865 Британци добиле германско државјанство. Се предвидува дека бројот би се зголемил оваа година.

„Поврзаноста со Брегзит е јасна“, велат од канцеларијата. Вкупно 110.400 странци минатата година добија германско државјанство, што е за 2.9% повеќе од годината претходно. Најголемиот скок е токму меѓу Британците.

Инаку, меѓу останатите странци кои во 2016 година добиле германско државјанство најмногу има Турци, и тоа 16.290, меѓутоа оваа бројка претставува пад од 17.3% во однос на годината претходно. Уште една нација чии граѓани минатата година повеќе од претходно барале германски пасош се Полјаците. 6.632 Полјаци се здобиле со германско државјанство, што е зголемување од 11.3% во однос на минатата година.
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура