Дали можете да го замислите Џон Бон Џови да прави нешто друго освен да свири на гитара и да пее?
Верувале или не, тој пет дена неделно поминува во кујната на неговиот ресторан каде што мие садови.
По долгата кариера и 400 милиони долари на сметка, тој поминува многу време во неговите ресторани во кои готви и мие садови. Заедно со неговата сопруга има три ресторани во кои луѓето плаќаат колку што можат и ако можат, а на менито нема цена.
„Соул кичен“ е името на непрофитната организација основана од
Бон Џови. Во рестораните нема ценовник, а плаќањето на сметките не е задолжително. Оние што се во можност можат да остават 20 долари, додека оние што немаат пари може да јадат бесплатно, а подоцна можат да волонтираат во кујната. Според податоците, 51 отсто од оброците се платени од донации, а преостанатите 49 отсто се покриени со доброволна работа.
Токму поради тоа, мотото на ресторанот е: „Сите се добредојдени на нашата трпеза“.
Првиот ваков ресторан е отворен во октомври 2011 година во Њу Џерси, каде што е роден Бон Џови. Вториот ресторан е отворен во 2016 година, во област погодена од ураганот „Сенди“.
- Нашата мисија отсекогаш била да направиме позитивните промени и да се занимаваме со проблемите како глад и бездомништво. На нашите менија нема цени. Значи, ако сте во можност, ќе учествувате во нашата работа: можете да ги бришете масите, да ги миете садовите или да работите во нашите градини - вели Бон Џови.
Резервации не постојат. Кој како доаѓа, така си седнува, па можете да добиете место до некоја непозната личност, што придонесува за топлата и природна атмосфера.
На менито секогаш има три главни јадења, инспирирани од американската кујна, а менито се менува на секои 10 дена. Предјадењето се состои од супа и салата. Главното јадење се прави со бело или црвено месо или риба, но достапни се и вегетаријански опции. На крај е десертот, кој се разликува од сезона во сезона. Оброците се приготвуваат од органски состојки одгледувани во градината на ресторанот, чиј сопственик е невладина организација.
Покрај рестораните со бесплатни оброци, фондацијата на Бон Џови има изградено и домови за бездомници, млади луѓе и воени ветерани.
Извор:
6yka.com
Фото:
Instagram