X
 02.08.2019 Живот

Се стопил над 50 отсто од мразот на Гренланд

Топлотниот бран што собори рекорди на висока температура во пет европски земји пред една недела сега е над Гренланд и го забрзува топењето на мразот на островот, предизвикувајќи големи загуби на мраз на Арктикот.

Гренланд, најголемиот остров во светот, е полуавтономна данска територија помеѓу Атлантикот и Арктичкиот Океан, со 82 проценти од површината покриена со мраз.

Ледената плоча на Гренланд, која покажува знаци на топење расте секојдневно, достигна рекордни 56,5 проценти за оваа година, соопшти данскиот метеоролошки институт.

Топењето се должи на доаѓањето на истиот топол воздух од Северна Африка и Шпанија што ги „растопи“ европските градови минатата недела, поставувајќи национални рекорди за температурите во Белгија, Германија, Луксембург, Холандија и Велика Британија.

Иако температурите на Гренланд ќе се спуштат до крајот на оваа недела, топењето веројатно нема да престане во скоро време.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот