Археолозите се плашат да го отворат гробот на Ќин Ше Хуанг, првиот цар на Кина кој бил закопан пред 2.200 години.
Гробот на кинескиот цар, кој владеел од 221 пр.н.е. до 210 пр.н.е. се чува од теракотна војска од војници и коњи. Гробницата била пронајдена од страна на земјоделци во 1974 година во провинцијата Шенси во Кина. Археолози ја истражувале гробницата, но никогаш не го отвориле гробот, и тоа поради добра причина.
Археолозите веруваат дека отворањето на гробот би можело да предизвика штета, но постојат и шпекулации за смртоносни стапици за љубопитните натрапници. Според историските записи, гробот е полн со ретки артефакти и богатства, но биле направени и стапици за сите што ќе влезат во гробот. Според записите, биле поставени стрели за да ги убијат натрапниците, како и течна жива во ѕидовите.
Археолозите размислуваат за други начини за отворање на гробот, но досега не е направен дефинитивен план за тоа.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија:
Wikipedia