Министерката за култура Ирена Стефоска на средба со претставници на Синдикатот на културните работници и Синдикатот за образование и наука најави дека институциите што целосно ја завршиле систематизацијата брзо ќе добијат исплата на платите и ги охрабри сите други што побрзо да ја завршат нивната обврска според колективниот договор
И по еден и пол месец вработените во културните институции сè уште ja немаат добиено јулската плата. Околу 3.500 актери, кустоси, археолози и сите други профили во институциите од културата се на милост на државата и во време на пандемија тие и нивните семејства се оставени без здравствено осигурување. Синдикатот на културните работници на Македонија и СОНК денеска се сретнаа со министерката за култура Ирена Стефоска, со цел да добијат одговори што ќе се случува со нивните лични примања.
На состанокот е договорено дека 30 институции што целосно ја имаат завршено систематизацијата ќе бидат првите каде што ќе се исплатат платите. Според Гоце Павловски, секретар на Синдикатот на културните работници на Македонија, има институции што ги немаат завршено обврските што ги налага колективниот договор и дека таму Министерството за култура и Синдикатот ќе интервенираат за да се бара одговорност и да се заврши процедурата.
Откако во јануари беше потпишан историскиот колективен договор, нешто што го чекаа повеќе од 15 години, тој сè уште не почнал да функционира, вели Павловски, кој е магистер по класична археологија и виш кустос во НУ „Стоби“.
- Се надеваме дека со новата министерка ќе имаме добра соработка. Синдикатот на културните работници функционира само на ентузијазам. Години наназад секоја институција си носеше свој колективен договор и тоа беше каша попара. И се случуваше за иста работна позиција во различни градови да има различна плата. Дури и на ниво на една институција се случувало да има големи разлики. Колективниот договор на дело ќе ги коригира овие големи аномалии. Уште во 2016 година седнавме на маса и требаше уште тогаш проблемот да го реши Роберт Алаѓозовски, ама за 3 години се сменија тројца министри и ова прашање остана отворено. Се додека зимата 2019 година не излеговме на улица да штрајкуваме. Конечно најдовме заеднички јазик и колективниот договор беше потпишан на 16 јануари. Министерството за култура имаше шест месеци да го спроведе колективниот договор во делот на платите. Културните институции всушност чекаат насоки од МК за да ја спроведат новата систематизација, а тоа не се случи - вели Павловски.
Гоце Павловски, генерален секретар на Синдикатот на културните работници на Македонија
На 1 април годинава Владата донела заклучок да се одложи колективниот договор до крајот на 2020 и Министерството за култура наместо да нè свика нас од синдикатите и да разговараме, нè изигнорира. Откако одбивме изречно дека нема да чекаме до крајот на годината за да се примени колективниот договор, сега треба да се примени систематизација во секоја институција. Процедурата вели дека секоја културна институција ја прави за себе систематизацијата, која мора прво да биде одобрена од Министерството за информатичко општество и администрација. До денес 11 институции ја имаат комплетирано - вели Павловски.
Оливер Митковски
Вработените во културата вријат од незадоволство. Проблемот е многу подлабок. Се работи за генералниот однос на власта кон културата, вели актерот од Македонскиот народен театар, Оливер Митковски.
-Културата како ресор се третира како нужно зло за кое мора да се одвојат дел од средствата од буџетот или за политички пазар како оној од пред извесно време кога беше потребно двотретинско мнозинство за остварување на
„повисоки” државни интереси. Впрочем, што очекувате од луѓе на власт кои што воопшто не ни посетуваат културни настани? Проблемот не е само во грешките кои доведуваат до вакви или слични крупни последици по граѓаните, а се резултат на полнење на институциите со неадекватен или поточно, неспособен партиски кадар. Најголемиот проблем лежи во молкот и несанкционирањето на истите. Нека ни е со среќа! - вели Митковски.
Вработените во културата во истиот период останаа и без здравствено осигурување.
Не е во ред државата така да се однесува кон вработените во културата, затоа што пред се ние и нашите семејства останавме без здравствено осигурување во време на светска пандемија
Покрај тоа веќе еден месец сме без основните финансиски средства за нормален живот
-Не е во ред државата така да се однесува кон вработените во културата, затоа што пред се ние и нашите семејства останавме без здравствено осигурување во време на светска пандемија. Покрај тоа веќе еден месец сме без основните финансиски средства за нормален живот - вели Саша Јованов, кустос археолог во Музејот во Гевгелија.
Проблемот е многу подлабок. Се работи за генералниот однос на власта кон културата.
Културата како ресор се третира како нужно зло за кое мора да се одвојат дел од средствата од буџетот или за политички
пазар како оној од пред извесно време кога беше потребно двотретинско мнозинство за остварување на
„повисоки” државни интереси.
Впрочем, што очекувате од луѓе на власт кој воопшто не ни посетуваат културни настани.
Проблемот не е само во грешките кои доведуваат до вакви или слични крупни последици по граѓаните а се резултат
на полнење на институциите со неадекватен или поточно, неспособен партиски кадар. Најголемиот проблем лежи во молкот и несанкционирање на истите.
Последната изјава на господинот министер за полиција во врска со актуелниот проблем во која тој ги обвини директорите на театрите
кои патем се нивни кадар, за ненавремено извршување на работните задачи без притоа да посочи со име и презиме /патем е и лага или во најмала рака полувистина/,
покажа само дека трендот на неприфаќање ниту минимум одговорност и заташкување на вистината ќе продолжи и во иднина.
Нека ни е со среќа!
Проблемот е многу подлабок. Се работи за генералниот однос на власта кон културата.
Културата како ресор се третира како нужно зло за кое мора да се одвојат дел од средствата од буџетот или за политички
пазар како оној од пред извесно време кога беше потребно двотретинско мнозинство за остварување на
„повисоки” државни интереси.
Впрочем, што очекувате од луѓе на власт кој воопшто не ни посетуваат културни настани.
Проблемот не е само во грешките кои доведуваат до вакви или слични крупни последици по граѓаните а се резултат
на полнење на институциите со неадекватен или поточно, неспособен партиски кадар. Најголемиот проблем лежи во молкот и несанкционирање на истите.
Последната изјава на господинот министер за полиција во врска со актуелниот проблем во која тој ги обвини директорите на театрите
кои патем се нивни кадар, за ненавремено извршување на работните задачи без притоа да посочи со име и презиме /патем е и лага или во најмала рака полувистина/,
покажа само дека трендот на неприфаќање ниту минимум одговорност и заташкување на вистината ќе продолжи и во иднина.
Нека ни е со среќа!- Не е во ред државата така да се однесува кон вработените во културата затоа што, пред сè, ние и нашите семејства останавме без здравствено осигурување во време на светска пандемија. Покрај тоа, веќе еден месец сме без основните финансиски средства за нормален живот - вели Саша Јованов, кустос-археолог во Музејот во Гевгелија.