X
 25.07.2018 Образование

За седум години платата на просветните работници пораснала само за 1.000 денари

Од 19.500 денари на 20.500 денари пораснала платата на просветните работници за седум години. За истиот период од 2011 до оваа година републичкиот просек на платата пораснал од 21.000 до 24.000. Графиконот со овие податоци деновиве го објави Независниот синдикат за образование и наука. На нивниот профил на „Фејсбук“ тие напишаа:

- Сметаме дека просветниот работник не заслужува да биде потпросечно платен работник бидејќи е високо образован кадар и треба достоинствено да му биде вреднуван трудот. Односно, неговиот труд да биде вреднуван со плата која е над републичкиот просек.


Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование