X
 02.09.2021 Живот

Кралицата Елизабета нема академско образование

Кралицата Елизабета немала време за формално образование бидејќи морала да учи за монархијата уште од рана возраст.

Додека нејзините деца и внуци постигнаа значајни резултати во академското образование и завршија престижни училишта, кралицата не посетуваше традиционално училиште, но, според странските медиуми, се школувала дома, каде што имала истакнати наставници.

Пред да наполни седум години, научила да чита и да пишува, да свири на пијано и да танцува.

Поголемиот дел од детството го поминала со дадилки, а нејзината мајка имала големо влијание врз нејзината ориентација кон христијанската религија.

Бидејќи формалното образование не било приоритет за нејзините родители, таа, како девојче, имала приватни часови во врска со идните кралски должности бидејќи морала да се подготви за улогата што ја чекала по абдикацијата на чичко ѝ Едвард VIII.

Таткото на кралицата не го сакал училиштето, а нејзината мајка мислела дека е поважно да се забавува, вели професорката Кејт Вилијамс, авторка на книгата „Младата Елизабета“.

Традицијата на домашно школување ја прекина нејзиниот син, принцот Чарлс, кој стана првиот наследник на британскиот престол што посетувал универзитет и добил диплома. Од самиот почеток сите имаа големи очекувања од него и тој беше под постојан надзор.

kralica
Фото: Instagram

Со титулата, Елизабета доби обврски што ја спречија да поминува време со своите деца, но таа се потпираше на нејзиниот сопруг кога се носеа одлуки во врска со семејството.

Принцот Чарлс се школувал дома, под надзор на Кетрин Пиблс, која ја поддржувала неговата несигурност.

Кога наполнил осум години, кралицата и принцот Филип одлучиле принцот Чарлс да го продолжи своето образование надвор од палатата.

Со кралската лимузина, во 1957 година, тој бил донесен пред училиштето „Хил Хаус“ во Кнајтсбриџ, бидејќи неговото семејство сметало дека тој треба да порасне во што е можно понормална средина, како неговите врсници.

Меѓутоа, по само шест месеци неговиот татко го префрлил во „Шем Шол“ во Хемпшир, каде што момчињата биле подготвувани да одат во интернат.

Таму никогаш не се пронашол и бил несреќен. По завршувањето на училиштето, тој сакал да се запише во „Итон“, но сепак принцот Филип одлучил да се запише во шкотскиот „Гордонстоун“ и да ги следи неговите стапки.

Студирањето таму бил вистински предизвик, учениците го започнувале денот трчајќи, а потоа се туширале со студена вода. Чарлс признава дека „Гордонстоун“ му помогнал и го научил на самодисциплина и самоконтрола.

Извор: B92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот