Дејвид Чолмондели, седми маркиз од Чолмондели, остана без работното место по смртта на кралицата Елизабета Втора. Повеќе работни места и позиции во кралското семејство се сменија со доаѓањето на Чарлс Трети на тронот, а меѓу нив е и позицијата на Чолмондели.
Неговата работа беше да го надгледува обезбедувањето на делови од Вестминстерската палата и играше голема улога во административните обврски во присуство на кралицата. Тој имаше право да ѝ помага на кралицата во подготвувањето за административни настани, како крунисувања.
Како еден од министрите на круната, тој одеше наназад доколку се наоѓаше пред кралицата за да не ѝ го врти грбот. Одењето наназад не е задолжително, но е дел од традицијата.
Неговата улога се пренесува од колено на колено, а тој ја наследи работата во 1990 година по смртта на неговиот татко. Но сега остана без работа. На негово место ќе застане Руперт Керингтон, седми барон Керингтон.
Извор:
Indy100