X
 05.08.2018 Наука

Вака би можеле да изгледаат првите згради на Марс

Иако сѐ уште не сме испратиле луѓе на Марс, треба да почнеме да размислуваме за градбите во кои тие ќе можат таму да живеат. НАСА уште во 2015 година објави конкурс за дизајн на станбени објекти кои би можеле да се отпечатат со помош на 3Д принтери, а неодамна од големиот број пријавени проекти беа издвоени петте најдобри.

Вработените во агенцијата и нивните партнери од Универзитетот Бредли во Илионис оценија 18 пристигнати модели создадени со помош на специјализиран софтвер кој не се грижи многу за естетиката.

Главната цел на секој проект е да се создадат градби кои имаат доволно дебели ѕидови, системи за греење, заштита од декомпресија и низа други функции кои се неопходни за потенцијални човечки населби на Марс.

Тимот „Zopherus“ и нивниот подвижен 3Д принтер


Петте победнички тимови го поделија наградниот фонд од 100.000 долари. Тимот „Zopherus„ доаѓа од Арканзас, а нивниот проект вклучува масивен 3Д принтер, кој со помош на ровер собира материјал достапен на Марс и го користи како градежен материјал за изградба.

Тимот „MARSHA“ и нивната градба која максимално го користи просторот



„AI.SpaceFactory“ од Њујорк дизајнираше цилиндрично исправено живеалиште, кое на опасната Црвена планета гарантира максимализација на достапниот простор со максимална сигурност на жителите.

„Kahn-Yates“ и нивниот аварганден дизајн



Овој тим од Мисисипи го освои третото место со дизајн со кружни вдлабнатини кои пропуштаат светлина, а можат и да ги издржат немилосрдните услови на Марс.

„SEArch+/Apis Cor“ и нивното живеалиште кое штити од опасна радијација



Овој тим од Њујорк создаде живеалиште кое пропушта светлина, а истовремено ги штити жителите од опасната радијација.

Универзитетот Нортвестерн и нивната флексибилна основа за 3Д принтери



Конечно, тимот од Илиноис претстави кружен дизајн со надворешна купола. Нивниот главен мотив беше создавање на едноставна конструкција со помош на темел на надувување кој служи како основа за 3Д принтерот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука