Можеби најпознатото нешто за диносаурусите е џиновската вселенска карпа што ги убила. Повеќето луѓе се запознаени со големата несреќа пред околу 66 милиони години откако комета или астероид се судрил со нашата планета.
Станува збор за еден од најнасилните пресврти во 4 милијарди годишната историја на Земјата. Судирот бил толку масивен што убил околу 60 отсто од животот во океаните и ги збришал диносаурусите, како и повеќето четириножни животни со тежина од повеќе од 25 килограми. Иако екстремно деструктивен, во тој процес овој настан го отворил патот за еволуцијата на модерните форми на живот, вклучително и на луѓето.
Емитираниот сулфур достигнал до 1.800 делови на милион - и се случил непосредно пред самиот настан. Барем, тоа е приказната која повеќето од нас ја учат. Сепак, вистината може да биде посложена. Според една неодамнешна студија во списанието „Сајнс адвансес“, нешто друго можеби имало улога во исчезнувањето на диносаурусите.
Научниците што стојат зад студијата го утврдиле ова со проучување на Деканските формации во Западна Индија, кои биле формирани од стопена лава по масивни вулкански ерупции пред 66 милиони години. Тие сакале да откријат колку флуор и сулфур се испуштаат во атмосферата додека вулканите исфрлале милион кубни метри карпи.
Откако развиле нова научна техника за анализа на ова, истражувачите утврдиле дека количината на флуор што се исфрла од овие ерупции варира од 400 до 3.000 дела на милион, што е доволно за радикално да се промени регионалната средина, но не и целата планета. Истото не може да се каже за испуштениот сулфур, кој достигнал до 1.800 дела на милион.
Како што се испостави, научниците одамна се свесни за улогата што вулканите ја играат во менувањето на нашата клима. Некои научници претпоставуваат дека таканаречената мала ледена доба - период на забележливо ладење што се случил во средниот век - настанала како резултат на серија големи вулкански ерупции кои се случувале едноподруго. Овој тип климатски промени е природен, во целосна спротивност со антропогените климатски промени што ги предизвикуваме со согорувањето на фосилните горива.
Фото: Screenshot/YouTube