Во летните жешки денови „Просветно дело“ се погрижи за анимација и рекреација и за најмалите, да можат забавно да го пополнат времето, како дома така и на плажа, а и кај баба и дедо!
Станува збор за боенктаа „Еднорози“ - која можеби како тема поомилена ќе им биде на девојчињата. Ним еднорозите им се добро познати и како ликови од едицијата „Миа и јас“, каде што се опишани сите еднорози и наведени се нивните имиња.
Боенката е обемна, А4 формат, кој дозволува присуство на повеќе елементи на секоја страница, нивна комбинација, а сепак доволно голема површина за боење.
Боенката „Диносауруси“ тематски, пак, како повеќе да ги привлекуваа момчињата. Овде се задржани истиот формат и големина, така што и момчињата можат на голема површина да бојат и да комбинираат бои според нивната замисла.
Родители, ваше е само да им обезбедите боички на вашите најмили и да им ги пополните деновите со мнооогу забава! Уживајте!
(Комерцијална објава)