X
 03.01.2024 Живот

Планинарите од клубот „Љуботен“ во новата година прво го искачија врвот Љуботен

Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“, согласно традицијата, вчера го искачија врвот Љуботен – 2.499 метри надморска височина. На ова искачување одат само неколкумина исклучително искусни планинари.

- Во текот на вчерашниот ден членови на планинарскиот клуб „Љуботен“, во променливи временски услови проследени со силен ветер, традиционално се искачија на врвот Љуботен и со тоа симболично ја отворија шарпланинската порта. Ова искачување има големо значење за нив бидејќи со тоа го означуваат почетокот на Новата година и отворање на едно ново планинарско патешествие кое ќе биде исполнето со радост и убави моменти. Неслучајно ова искачување се реализира на христијанскиот празник Свети Игнат, бидејќи според народните преданија постои верување дека што ќе правите на овој ден, ќе правите цела година информира Славчо Костовски од ПК Љуботен.

Од планинарскиот клуб Љуботен не информираа дека реализацијата на планинарските тури се одвива според годишна програма. 

Програмата годинава предвидува многу искачувања кои претежно ќе се одвиваат на шарпланинските врвови, но и на врвови низ државата и во други земји.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот