X
 15.08.2024 Здравје

Научниците од „Харвард“ со остро предупредување за еден вид месо

Научниците од Универзитетот „Харвард“ издале остро предупредување за црвеното месо, повикувајќи ја јавноста да го намали неговиот внес. Тим американски експерти анализирал податоци од повеќе од 200.000 учесници во текот на 36 години, за да откријат што му прави хеминот на нашето здравје.

Хеминот е всушност форма на железо кое најлесно се апсорбира од човечкото тело, а го има во различни видови месо, вклучувајќи говедско, јагнешко, црн дроб и некои видови риби. Но, научниците откриле „значајна врска“ помеѓу овој тип на железо и појавата на дијабетес тип 2.

Симптоми на дијабетес 2

-Оваа студија ја нагласува важноста на изборот на здрава исхрана во превенцијата на дијабетесот. Намалувањето на внесот на хемин, особено од црвеното месо и усвојувањето на повеќе растителна исхрана може да бидат ефективни стратегии за намалување на ризикот од дијабетес - истакнал Френк Ху, професор по исхрана и епидемиологија.

Дијабетесот тип 2, состојбата зад скоковите на шеќерот во крвта, е под влијание на голем број фактори, вклучувајќи наследност, возраст и телесна тежина. Заболените често чувствуваат прекумерна жед, замор и често мокрење, иако некои не покажуваат никакви симптоми. Долгорочните импликации на дијабетес тип 2, истакнуваат истражувачите, вклучуваат зголемен ризик од деменција, намалување на менталната острина што погодува речиси милион лица низ Обединетото кралство.

Резултатите од студијата на „Харвард“ откриле дека учесниците кои консумирале најмногу хемин, имале 26% поголем ризик да развијат дијабетес тип 2 од оние кои консумирале најмалку. Хеминот, исто така, претставува повеќе од половина од ризикот од дијабетес тип 2, поврзан со непреработеното црвено месо.

Ова се несомнено загрижувачки резултати, но научниците сугерираат дека можете да го ублажите овој ризик со замена на црвеното месо, со храна од растителна основа секој ден. Храната како мешунките, јаткастите плодови, семките и сувото овошје се добар избор.

Но, научниците признале дека се потребни дополнителни истражувања за да се разбере целосниот ефект. Нивната група примероци содржела 79% жени, претежно бели, и покрај зголемениот ризик од дијабетес тип 2 кај луѓето од африканско, африканско карипско и јужноазиско потекло.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје