Проблемот со недостигот на учебници за средно образование, долговите на средните училишта во земјава, каков е квалитетот на високото образование во Македонија, какви биле студентските денови на диригентката Бисера Чадловска, на тема загадување на воздухот разговаравме со проф. д-р Дејан Мираковски. Ова беа дел од темите со кои тимот на Факултети.мк се занимаваше неделава.
Не постоела жива сила што можела да ја разубеди
Бисера Чадловска да не се запише на отсекот за диригентство на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Љубовта и посветеноста кон оваа врвна дејност направија Бисера Чадловска да стане еден од нашите најдобри диригенти и една од ретките жени во оваа, во светски размери, доминантно машка професија. Речиси 15 години таа е дел од Македонската опера и балет, а некое време и директор на Операта. Таа ни ја раскажа нејзината приказна во рубриката „Кога бев студент“, која Факултети.мк ја работи заедно со „Пивара Скопје“
Околу 60 средни училишта во Македонија должат речиси 7 милиони евра за режиски трошоци и за превоз на учениците. Тоа е повеќе од половина од буџетот за средно образование планиран за 2018 година, кој изнесуваше околу 12 милиони евра.
Вкупната сума за
долгот на училиштата ја добивме откако ги собравме сите долгови што средните училишта ги пријавиле во Министерството за финансии. Таа изнесува 426.173.803 денари, или речиси 7 милиони евра. Најмногу должи средното медицинско училиште од Тетово - „Никола Штејн“ - 127.062.049 денари.
Високо загадување со цврсти честички се јавува во речиси сите урбани средини во Македонија, најмногу во текот на грејната сезона, кога нема ветар и врнежи. Иако ниту еден од градовите покриени со нашата мониторинг-мрежа не ја надминува дозволената просечна годишна концентрација од 40 µg/m3 и загадувањето во другите месеци е релативно ниско, при подолги периоди на стабилна атмосфера и појава на температурна инверзија се јавуваат високи концентрации на суспендирани честички, вели
проф. д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и раководител на Лабораторијата за животна и работна средина „Амбикон“, која работи во рамките на УГД.
Лабораторијата за животна и работна средина „Амбикон“ работи во рамките на УГД
Учебници по многу предмети во средното стручно образование во Македонија воопшто не се напишани, но и тие што се одобрени постојат само во електронска форма. Печатењето на електронските учебници е заглавено од 2015 година.
-
Електронските учебници ги нема во печатена верзија зашто Министерството за образование и наука уште од 2015 година направило неколку обиди за јавни набавки и не била одобрена печатница. Периодично овие јавни набавки траат предолго и МОН нема склучено договори. Во тек е јавна набавка за печатење, а паралелно со оваа тече и работата на комисијата за законски измени со цел да се изнајдат можни решенија за надминување на временскиот теснец - вели директорката на Педагошката служба, Вања Велева, и додава дека електронските учебници се достапни на интернет-страницата на МОН.