X
 30.09.2024 Здравје

Ова се најздравите нации за 2024 година

Здравјето на нациите се обликува со многу меѓусебно поврзани фактори, од квалитетот на здравствениот систем, до начинот на живот и исхраната.

Иако е предизвикувачко да се измери, честа мерка за оценување на севкупното здравје на популацијата е просечниот животен век. Други важни индикатори се стапката на морталитет на деца и пристапот до храна и производи за хигиена. Во продолжение графички се прикажани најздравите земји меѓу големите светски економии.

Фото: Visual Capitalist

Сингапур се најде на првото место. Оваа земја неодамна беше идентификувана како „сина зона“, каде што популацијата на стогодишници е 10 пати поголема по глава на жител отколку во Америка. Владините иницијативи за поттикнување на пешачењето преку оданочување на возилата и горивото, заедно со даночни придобивки за оние што живеат блиску до нивните родители или деца, веројатно придонесуваат за зголемениот просечен животен век во земјата.

На второто место е Јапонија, со еден од најдолгите просечни животни векови на глобално ниво. Повеќе од половина од женските лица родени таму во 2023 година се очекува да живеат до 90 години.

Трета е Швајцарија, каде што големо влијание имаат економската стабилност, ниските стапки на дебелина и највисокиот просечен животен век во Европа. Во 2023 година просечниот животен век за жените беше 85,8, додека за мажите 82,2 години. Оваа земја има и најдобар пристап до здравствениот систем меѓу богатите земји.

Извор: Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје