X
 03.03.2020 Технологија

„Епл“ казнета со 500 милиони долари за забавување на постарите „ајфони“

Американскиот технолошки гигант „Епл“ ќе треба да им плати отштета од 500 милиони долари на корисници, по обвиненијата дека компанијата ги правела постарите „ајфони“ побавни.

Според објавените документи на Окружниот суд на Сан Хозе, Калифорнија, САД, прелиминарната спогодба сè уште чека на одобрение од судијата.

Случајот почна во 2017 година кога корисниците почнаа со забелешки дека постарите батерии ги забавуваат нивните уреди, што потоа го наведоа како нешто што е надвор од првичниот договор со компанијата. Станува збор за моделите ајфон 6, 6-с и 7.

„Епл“ првично се согласи да плати најмалку 310 милиони долари, но сепак оттаму нагласуваат дека не се работи за признание на вина.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија