Пред одреден период Германците дознаа дека може да бидат казнени парично со неколку илјади евра доколку одбијат да учествуваат во попис кој во моментов се одржува во една сојузна држава.
За прекршоците во сообраќајот, исто така, има големи парични казни, кои достигнуваат и до 4.000 евра во екстремни случаи, според „Феникс магазин“. Меѓутоа, некои од највисоките казни се за повредување или убивање диви животни. Оваа мерка се однесува и на пчелите.
Фото: Pixabay
Според законот, убивањето диви животни без причина може да се казни со максимална парична казна од 50.000 евра, иако сојузните држави имаат слобода сами да ги одредат казните.
Во некои сојузни држави, како Баден-Виртемберг, висината на паричната казна се одредува во зависност од дивото животно и може да се движи од стотици до илјадници евра.
Според германските медиуми, медоносната пчела е посебно заштитен вид во цела Германија. Оној што ќе убие пчела во Баден-Виртемберг може да биде казнет од 100 до 10.000 евра.
Извор:
Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay