Сте се нашле во ситуација во која се обидувате да слушате досаден разговор или презентација. Наеднаш, чувствувате потреба да се проѕевате. Залудно се трудите да се воздржите - и наеднаш, се проѕеваат сите во собата.
Па помислувате: Уморен сум, и на мојот мозок потребен му е воздух. Има многу луѓе во, па нема доволно воздух за сите. И кога некој ќе се проѕева, тие го вдишуваат ограничениот воздух во собата, така што мојот рефлекс вели да земам повеќе воздух преку проѕевањето.
Но, всушност не се проѕеваме затоа што ни недостасува воздух. Научниците открија дека дишењето повеќе воздух не го намалува проѕевањето. Нешто во нашиот мозок се „вклучува“ кога гледаме како другите се проѕеваат.
Додека научниците го најдат одговорот, тие заедно со психолозите имаат неколку теории кои објаснуваат зошто проѕевањето е заразно меѓу луѓето. Ова се некои можности:
Рефлексна акција кога ќе видиме како некој друг се проѕева
Невронауката вели дека заразата може да е еден вид на рефлексна акција. Кога ќе видиме како една личност се проѕева, нашето тело автоматски се однесува на истиот начин - нешто како рефлекс, со што не можеме да си помогнеме, па и ние ја отвораме устата. Ова е предизвикано од несвесна активност на нашите мозочни клетки наречена ефект на камелеон со што нашиот мозок нè тера да го правиме она што ги гледаме другите дека го прават.
Ова објаснува зошто тоа не можеме да го контролираме. Ако некој се
проѕева, дури и ако ние не сме уморни, наеднаш чувствуваме потреба да се проѕеваме и ние.
Потсвесно комуницираме едни со други
Психолозите сметаат дека заразното проѕевање може да се должи на ефектот наречен емоционална зараза. Ова укажува дека проѕевањето е примитивен инстинкт кој ни помага да се поврземе со заедницата.
Еден експеримент откри докази во полза на заразното проѕевање кое вели дека може да биде знак за емпатија.
Аутистичните деца и многу малите деца не реагираат на заразното проѕевање, веројатно затоа што немаат способност да чувствуваат емоционална емпатија. Од друга страна, 40 - 60% од здравите возрасни се проѕеваат тогаш кога ќе ги видат другите.
Исто така, проѕевањето може да е еден вид на комуникација со која на групата луѓе им кажуваме дека сме поспани, а тие со проѕевање ни возвраќаат дека се согласуваат.
Сите теории се само предлози. Научниците сè уште немаат постигнато заклучок. Потребни се повеќе истражувања во врска со прашањата околу проѕевањето.