Бенџамин Либет, професор по физиологија на Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско посветил 30 години на истражување на процесите кои се јавуваат во нашите свест и потсвест.
Тој стигнал до едно од најосновните откритија преку едноставен експеримент.
Експериментот се состоел од следново: од волонтерите се барало да ги поместат своите зглобови тогаш кога ќе одберат самите додека набљудуваат график на компјутер од точка која се движи околу часовник.
Тие го забележувале точното време кога одлучиле да ја поместат дланката. Тие не требале да го напишат времето кога ја поместиле дланката, ами првиот пат кога го помислиле тоа.
Истовремено, тие биле поврзани со опрема која ја забележувала нивната мозочна активност.
Податоците од експериментот откриле дека просечно, мозокот станува поактивен околу 200 милисекунди пред поместувањето на дланката. Ова не изненадува бидејќи потребни се толку милисекунди за да стигне сигналот од мозокот до дланката. Меѓутоа...
Професорот го набљудувал и делот од мозокот на учесниците кој бил одговорен за контрола на движењето на мускулите, а овој дел од мозокот покажал висока активност 350 милисекунди пред учесникот да биде свесен за донесувањето на одлуката за поместувањето на дланката.
Други истражувачи биле изненадени од резултатите исто како и професорот. Д-р Џералд Залтмен од „Харвард“ изјавил:
„Ова ни покажува дека регионите од мозокот кои се одговорни за донесување одлуки се активираат пред ние да станеме свесни дека сме ја донеле одлуката. Односно, одлуките се донесени пред ние да бидеме свесни за тоа!“