Клучот до продуктивен, ефективен и успешен живот е независноста. А, независноста доаѓа и со задачи и обврски, за кои треба да знаете да правите многу работи. За почеток, треба да усовршите некои основни вештини. Ова се нештата кои се најважни на почетокот на кариерата.
Да знаете како да престанете со премногу размислување. Кога премногу анализирате, вашата проценка се замаглува, стресот расте и негативноста се заканува.
Да знаете како да се носите со уморот. Дали се чувствувате стресно, изморено? Дали постојано треба да бидете „вклучени“? Научете како да се борите со тоа.
Да знаете како да го подобрите помнењето. Со толку информации кои ги добиваме постојано, добрата меморија е голема предност.
Да знаете како да го изострите фокусот. Вашата способност да останете фокусирани е клучен фактор во вашиот успех или неуспех. Фокусот е основен за завршување на обврските.
Да знаете како да живеете без одобрување од другите. Она што мислат другите не е ваша грижа и колку порано го научите тоа, толку побргу ќе најдете успех.
Да знаете да препознаете кога некој ве лаже. Истражувањето вели дека во текот на денот не` лажат 10-200 пати. Некои лаги се очигледни, но некои се потешки за забележување.
Да знаете како да одбегнувате токсични луѓе. Исто како токсините во исхраната, токсините во луѓето околу вас може да ви предизвикаат штета.
Да знаете како да и поедноставите нештата. Понекогаш, самите правиме се` да ни е комплицирано, а не мора. Колку поедноставни се работите, толку подобро може да се фокусираме и да бидеме поефективни.
Да знаете како да издвоите време за вас. Вашето време е вредно. Секој час, секој момент е извор кој никогаш нема да биде заменет или вратен назад. Почитувајте го сопственото време.
Да знаете како да надминете лош ден. Сите имаме денови кога ништо не ни оди од рака. Кога ќе дојде тој ден, мора да продолжиме со борбата и да станеме следниот ден подготвени повторно.
Да знаете како да ја надминете мрзеливоста. Мрзеливоста честопати се раѓа кога сме неподготвени или исплашени. Во секој случај, таа и` штети на продуктивноста и мора да ја надминете. Престанете со оправдувањата и барајте начини за да успеете.
Да знаете како да се организирате. Успешните луѓе немаат повеќе часови во денот, но тие наоѓаат повеќе време бидејќи знаат како да ги организираат своите животи.
Да знаете како да бидете убедливи. Можеби ќе бидете изненадени да дознаете дека веројатно веќе ги имате квалитетите кои се потребни за да бидете убедливи. Тоа не значи да бидете манипулативни, сепак.
Да знаете како да се ослободите од стресот. Кога животот ќе биде тежок, лесно е да се изгуби балансот, но токму тогаш треба да бидете најдобрите вие.
Да знаете како да ја надминете срамежливоста. Оние кои никогаш не биле срамежливи не знаат колку е тешко тоа, особено за некој во професионална ситуација. Доколку срамежливоста ве спречува да успеете, не вреди да не работите на неа и да не ја надминете.
Да знаете кога да престанете со одложувањето. Со толку работи кои се случуваат околу нас, честопати одложувањето на обврските е конечниот избор за многумина. Но, тогаш е време сами да бидете свој шеф и да си наредите да се вратите на работа.
Да знаете како да слушнете добар совет. Кога слушате добар совет, секогаш треба да го послушате и да го предадете некому. Но, повеќето луѓе ги игнорираат дури и најдобрите совети. Не бидете едни од нив.