Дали сте почувствувале болка во мускулите откако сте почнале со нова физичка активност или сте го зголемиле темпото или интензитетот на вообичаениот тренинг? Болката и напнатоста во мускулите се јавуваат ден-два по вежбањето и може да му се случат на секого, без разлика на нивото на физичка подготвеност.
Не обесхрабрувајте се, оваа болка е нормална, не трае долго и е знак дека го подобрувате вашето фитнес-ниво. Ако сепак претерате со напор или болката е премногу силна, секогаш има начини да се справите со неа.
Зошто се јавува болка во мускулите по вежбање?
Воспаление и болка во мускулите може да се јават кога почнувате нова програма за вежбање, кога ќе ја смените рутината на вежбање или кога ќе го зголемите траењето или интензитетот на актуелната програма за вежбање. Кога мускулите работат понапорно од вообичаено, се активираат на поинаков начин, а тоа предизвикува кинење на мускулните влакна, што резултира со болка или здрвеност.
Дали може да ми се случи мене?
Болката во мускулите како последица на вежбањето може да му се случи на секого, без разлика дали сте почетник или вежбате со години. Ова им се случува и на професионални спортисти.
Ако сте почетник, оваа болка може да ви изгледа страшно, но не дозволувајте таа да ве спречи да ги остварите зацртаните фитнес-цели. Добрата вест е дека болката е знак дека ги активирате мускулите на нов начин, што значи дека во вашето тело се случува промена. Промена кон подобро, бидејќи градите поздраво и поцврсто тело.
Колку долго трае болката?
Болката во мускулите по вежбање може да трае од 3 до 5 дена, со различен интензитет, а се јавува ден-два по вежбањето.
Треба да ја разликувате оваа болка од болка стекната при повреда поради неправилно вежбање што ќе ја почувствувате за време на вежбањето, а која знае да биде остра, отсечна и акутна.
Можете да продолжите со вежбање иако ја имате болката во мускулите, но сепак намалете со интензитетот и темпото. Ако ве болат нозете бидејќи вчера сте имале напорен тренинг со вежби за нозе, денес вежбајте друг дел од телото. На тој начин ќе ги одмарате различните групи мускули и нема да пропуштате денови од тренинг, што значи дека нема да правите отстапки од распоредот за остварување на вашиот фитнес план.
Како да се справите со воспалените мускули?
За да го подготвите телото, немојте да правите нагли промени во вашата рутина на вежбање. На тој начин, ќе ги воведете напорот и интензитетот постепено и нема да чувствувате голема болка во мускулите или барем таа ќе трае пократко. Дозволете им на мускулите да се адаптираат. Исто така, секогаш правилно загревајте се и правилно изведувајте ги вежбите или потезите за кревање тегови.
Ова е болка за која нема потреба да одите на лекар. Покрај одморот и здравата исхрана богата со магнезиум и витамин Ц, за намалување на болката во мускулите по вежбање, како и за справување со грчевите, нанесете
Allga San акут Спазмус маст, специјална маст за масажа со интензивно дејство. Оваа маст содржи состојки што помагаат да се зголеми циркулацијата на крвта, да се олади ткивото и да се ублажи болката.
Ако сте претерале со поголем напор или интензитет отколку што сте мислеле дека можете да издржите и чувствувате посилна болка и вкочанетост во мускулите, по вежбањето нанесете
Alga San Мобил Гел Интензив
што специјално се препорачува за спортисти и луѓе што водат активен живот. Гелот е комплетен производ за секојдневна нега по напорен тренинг, а помага и за подобра подвижност при вкочанетост на грбот. Состојките содржани во него помагаат да се разлади болното место, а природните состојки ефективно и по природен пат ги неутрализираат воспалението и болката.
-комерцијален текст-