X
 30.03.2022 Живот

Луѓето што сѐ уште не заболеле од ковид веројатно немаат пријатели, вели јужнокорејски лекар

Лекар од Јужна Кореја се соочи со бурни реакции откако посочи дека луѓето што допрва ќе се заразат со ковид-19 веројатно немаат пријатели.

- Возрасните луѓе што сè уште не се заразени со ковид-19 се оние што имаат интерперсонални проблеми - напиша на „Фејсбук“ Ма Санг-хјук, која е потпретседател на Корејското здружение за вакцини.

Тој, наводно, ја избришал објавата по бурните реакции пред да каже дека забелешката била само метафорична и дека имало недоразбирање.

- Објавата истакнуваше колку е тешко некој да го избегне вирусот во ситуација кога има висока стапка на потврдени случаи во областа - изјави тој во интервју за еден од јужнокорејските медиуми.

На денот кога докторот ги даде своите коментари, Јужна Кореја забележа 400.741 нови случаи на ковид, додека Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KCDA) предупреди дека варијантата омикрон го води рекордниот бран на инфекции.

И покрај бројките, Владата не покажува знаци за преиспитување на плановите за отстранување на речиси сите ограничувања за физичко дистанцирање во наредните денови и недели, а јавното мислење се чини дека ги поддржува тие потези.

Речиси 63 отсто од 52 милиона жители на земјата примиле бустер-доза, при што 86,6 отсто од населението биле целосно вакцинирани. Владината анализа на околу 141.000 случаи на омикрон пријавени во земјата во текот на изминатата година покажа дека нема смртни случаи меѓу лицата помлади од 60 години што примиле бустер-доза, вели Сон Јанг-рае, претставник на Министерството за здравство, додавајќи дека ковид може да биде третирани како сезонски грип.

- Гледаме дека ова би можело да биде последната голема криза во нашите одговори на ковид и ако ја надминеме оваа криза, тоа би нѐ доближило до нормален живот - рече Јанг-рае на брифингот.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот