X
 26.12.2023 Живот

Син ми дава голем отпор кон сѐ - се спротивставува и се инаети, не ги извршува обврските, често лаже... Каде грешиме?

Ви се обраќам за совет околу воспитувањето на нашиот 9-годишен син единец, кој по карактер е доста темпераментен, дружељубив, одличен ученик, но и многу своеглав. Последниов период покажува голем отпор речиси кон сѐ: се спротивставува и се инаети со нас, непослушен е, не прифаќа совети за кои секојдневно разговараме со него, не ги извршува обврските, често лаже, па така секојдневно имаме караници за сенешто.
Семејните односи ни се одлични, јас и сопругот имаме одлична комуникација и исти ставови околу воспитувањето, исти семејни вредности, па ни се чини дека нема простор за незадоволство од страна на детето, дотолку повеќе што постојано сме тука за него, разговараме најотворено за сѐ што го интересира, го бодриме и насочуваме во секојдневните активности, покажуваме љубов, го гушкаме и сакаме. Се чувствувам како да мора да направиме притисок, да примениме казна за да мора да послуша, односно да го коригира неговото однесување. И по казната, да речеме една недела без електронски уреди и конзоли, ситуацијата е иста, како да не извлекол заклучок ни од казната ни од разговорот.

Каде грешиме? Како да му пристапиме за да добиеме позитивен одговор од негова страна?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот