X
 28.05.2023 Живот

Како да престанете да одложувате? Обидете се со правилото од две минути

На сите ни е полесно да ги оставиме обврските за следниот ден, но честопати ова одолжување се продолжува повеќе од планираното. Едноставна метода на авторот Џејмс Клир може да ви помогне да се ослободите од оваа лоша навика.

Обидете се со двеминутното правило

Поголемиот дел од задачите што ги одложувате не се толку комплицирани. Тоа значи дека сигурно имате доволно талент и вештини за да ги завршите, но одбегнувате да започнете од некоја причина. Двеминутното правило може да ви помогне.

Оваа техника се состои од два дела. Првиот дел се однесува на малите обврски. Според техниката, доколку обврската може да биде завршена за две минути или помалку, направете ја веднаш. Како пример се наведува миењето садови по јадењето, фрлањето на отпадот, испраќањето електронска пошта итн. Вториот дел се однесува на ситуациите кога сакате да започнете со нова навика.

Дали може сите цели да ги завршите за две минути? Дефинитивно не. Меѓутоа, можете да започнете со остварување на секоја цел, посветувајќи ѝ на секоја по две минути или помалку. Можеби оваа стратегија се чини неефикасна, но функционира. Кога нешто ќе почнете да го работите, полесно е да продолжите. Двеминутното правило се заснова на идејата дека добрите работи започнуваат да се случуваат кога се активирате.

Сакате да читате повеќе? Прочитајте само една страница од книгата. Сакате подобро да се храните? Започнете со едно овошје. Кај секоја навика, најважен е почетокот, но не само првиот пат, туку секојпат.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот