Група Британци ќе бидат првите во светот што ќе ја пробаат новата контрацептивна пилула за мажи во светот.
За разлика од пилулите за жени, пилулата за мажи не содржи хормони и го спречува производството на сперма со блокирање на пристапот до витамин А. Доколку тестирањето на пилулата е успешно, таа може да им биде достапна на сите мажи.
Истражувања стари и до 100 години покажуваат дека недостигот на витамин А може да предизвика неплодност кај глувците, стаорците и мајмуните.
Новата пилула е направена од американската компанија „Јор чојс терапјутикс“, која тврди дека пилулата е 99 отсто ефективна и 100 отсто реверзибилна, а не предизвикува нуспојави. Освен тоа, компанијата тврди дека пилулата е поефективна од презервативите.
Таа се тестира на 16 мажи од Велика Британија.
Извор:
Sky news
Насловна фотографија: Freepik