X
 27.08.2024 Живот

Медицинска сестра ги открива вообичаените феномени што ги доживуваат луѓето пред да умрат

Медицинската сестра Џули Мекфејден наведува неколку знаци што се јавуваат пред да умре некоја личност. Иако никогаш не е лесно да се гледа како саканите умираат, таа смета дека некои од знаците се утешителни.

Џули е задолжена за палијативна нега, односно грижа за лица кои имаат неизлечиви болести. Таа вели дека е навистина тешко да се поверува дека овие работи се случуваат, но често ги гледа.

Терминалната луцидност е една од нив. Тоа се случува кога на умирање лицето одеднаш добива наплив на енергија.

- Кога се случува терминална луцидност, луѓето имаат одличен ден. Одеднаш се гладни и можат да одат. Будни се и ориентирани, а потоа умираат за ден или два. Тоа можеби е најтешкиот дел. Мислите дека им е подобро, а потоа умираат, што е навистина поразително - вели таа.

Друг знак е визијата, која многумина ја сметаат за халуцинација. Но, Џули не мисли дека станува збор за тоа.

- Визиите обично се случуваат неколку недели пред смртта. Луѓето можеби се свесни и нормално разговараат со своето семејство и им кажуваат дека во аголот го гледаат нивниот мртов родител како им се смешка и им кажува дека наскоро ќе дојде по нив - вели таа.

Џули вели дека некои луѓе „одбираат“ кога ќе умрат. На пример, чекаат да помине важен датум, како нечиј роденден или свадба, а потоа мислат дека се подготвени да го напуштат овој свет. Постои и знак наречен „дофат на смртта“. Џули објаснува дека тогаш личноста ја крева раката нагоре како да сака да се ракува со некого или да го прегрне.

Покрај горенаведеното, луѓето што умираат може да изгледаат како да зјапаат. Џули изјавува дека нема да одговорат кога ќе ги повикате затоа што се целосно фокусирани на некоја повисока сила. Таа го споменува и феноменот на „заедничко искуство на смртта“. Тоа се случува кога некој што не умира разбира што се случува со личност која умира.

- Тоа е како кога некој што умира да ви го пренесе чувството низ што поминува - вели таа. Иако ова изгледа прилично страшно, Џули уверува дека е добра работа бидејќи станувате сигурни дека вашата сакана личност ќе оди на подобро место.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот