Наскоро, најголем проблем во секторот на соларната енергија би можел да биде недостигот на работна сила. Затоа, европското здружение на соларната индустрија „Солар пауер Јуроп“ и компанијата „Гугл“ подготвиле кампања која го промовира вработувањето во оваа индустрија.
Кампањата има цел да покаже дека овој сектор е еден од најперспективните во светот кога станува збор за отворање нови работни места и вработување. „Солар пауер Јуроп“ подготвил промотивни видеа за да им помогне на сите да сфатат што претставува оваа индустрија.
Во видеата се пренесуваат искуства на луѓе што веќе работат во оваа индустрија. Се проценува дека на крајот од 2020 г. во овој сектор работеле околу 4 милиони луѓе. Прогнозите на „Солар пауер Јуроп“ се дека соларната енергија би можела да отвори уште 4 милиони работни места низ Европа до 2050 година.
Европската Унија има цел да стане климатски неутрална до 2050 година, што подразбира дека 80 отсто од електричната енергија што ќе ја троши ќе бидат произведени од обновливи извори на енергија.
Извор:
Balkan Green Energy News
Фото: Pixabay