Нездрава „љубов“
Нездравата „љубов“ е немоќна и себична.
Нездравата „љубов“ е условена.
Таа е неодговорна, незрела и зависна.
Зад неа стои очајување кое произведува манипулации.
Таа е „натегнување“, подмолна тишина и удар кој често ќе го примате.
Таа е очигледна.
Нездравата „љубов“ поттикнува лажна надеж и го запира растењето и развојот, како личниот така и заедничкиот.
Таа е како дрога.
Здрава љубов
Здравата љубов е избор.
Таа е нешто што одлучувате да го подарите.
Има и барања, но такви кои ве обликуваат и ги јакнат другите.
Таа е многу силна и независна.
Здравата љубов е трпелива, љубезна и нè учи како да ги прифаќаме другите.
Таа бара огромна количина одговорност која вклучува комуникација на сите нивоа и активно промислување.
Таа гради доверба.
Здравата
љубов поттикнува растење и развој.
Таа е ретка, но возможна.