Во периодот на вируси и респираторни инфекции, многу деца се со низок имунитет поради прележана или актуелна болест. Родителите се збунети дали во ваков случај детето смее да прими вакцина. Епидемиологот, прим. д-р Билјана Даниловска, раководител на одделението за епидемиологија во скопскиот Центар за јавно здравје објаснува кога може да прими вакцина дете што било болно, како и дали може веднаш да појде во градинка.