X
 12.02.2015 Образование

СПУКМ: Идејата за окупирање на универзитетот нема да добие наша поддршка

По повод се поголемите напади на кои целна точка се членовите на СПУКМ, ние донесовме заклучок дека не би било мудро да се продолжи со игнорирање на нападите и посветување на активностите кои беа предвидени. Иако претходно, членовите на СПУКМ решија да покажат една воздржаност, смиреност и разумност во моменти кога се бескурпулозно се гази по дигитетот на нашите членови должност ни е да се заштитиме од етикетизации и стигматизации и да се потрудиме доколку е тоа можно да дадеме експликација за нашето дејствување кое не беше толку јавно и фронтално како на другите студентски организации.


Во неколку интерни состаноци, скоро едногласно беше изгласан предлогот да се почека на реакција по повод измените во законот за високо образование, се дури корегираната верзија на постојниот закон не биде целосно осознаена од наша страна. Како официјална организација, ние имаме должност пред студентите, професорите, но и јавноста да го донесеме најразумното решение и да ги анулираме последици од поширок ранг кои би имале негативна денотација. Откако законот беше разгледан, секој кој пројави желба да учествува во неговото толкување беше повикан да го стори тоа. А правејќи компилација од прелози дојдовме до решение дека законот има голем број проблематични точки за кои треба да се пројави поголем интерес и да се подготви поекстензивна аргументација. Ставот на СПУКМ беше транспарентен, но малкумина пројавија волја да го запознаат. Од друга страна, следејќи содржини пренесени преку средствата за масовно комуницирање, ние се соочивме со секакви искривувања на вистината и обид за правење на гротеска од нашата програма бидејќи од поединци беше прецизирано дека ние одбиваме кооперација и истовремено спречувајќи ги да го осознаат нашиот однос кон промените во законот за високото образование. Одговорно тврдиме дека ниту еден член од СПУКМ немал повик за кооперација и дека студент кој не припаѓа на оваа студентска организација не пројавил интерес да се запознае со програмата на СПУКМ. Наместо тоа, за жал се соочивме со шпекулации, провокации и девалвирање на членството на студентска организација кое го препознаваа како продолжена рака за контрола на естаблишментот. Во прилика ќе нагласиме дека ние ниту сме естаблишмент, ниту електорат во овие услови ние сме само студенти кои беа предизвикани да дадат отпор на сите антиномии кои се поврзани со членскиот корпус и самата студентска организација како институција. На наше големо разочарување, токму оние професори, па и студенти кои јавно бараа да не се ставаа партиски префикс пред нивниот идентитет и активности истото тоа го прават со студентите, партиципиенти во истата студентска заедница. Меѓу другото, професори кои апелираа премиерот да не ја дели академската заедница и тврдеа дека сите кои се посредно или непосредно засегнати од ново настанатата состојба во високото образование се на една иста страна. За да понатаму истите тие професори, јавно повикуваат да се избрише постоењето на СПУКМ како студентска организација кое освен што е официјална постои со децении и која ги преживеа сите веќе видени фрактури во студентската организација. После ова имаме проблем да разбереме како поединци професори кои до неодамна сме ги гледале како рационални авторитети кои имале слобода да го детерминираат нашиот вредносен систем, нашиот научен профил и личносните аспекти од човекувањето можат да манифестираат однесување кое индицира не само постоење на длабока хипокризија, туку и шизматичност во однесувањето што е погубно како во професионален така и во персонален аспект.


Фрапирани бевме и од бизарните постапки на некои професори кои се обидеа да го доведат во прашање легитимитетот на нашата студентска организација. При што нема да се обидеме гностички да пристапиме во дескрипција на нашиот легитимитет и легалитет, туку едноставно ќе кажеме дека ние легитимитетот не го црпиме од професорите и дека тие се последната група во академската заедница која би можела да дискутира на тоа прашање. Дегутантно е еден универзитетски професор кој треба да работи на сплотување на студентите во насока на остварување на заедничка цел да девалвира студентска организација која брои повеќе од двесте активни членови, немајќи ги предвид соработниците и поддржувачите. Ние, нема да дозволиме да ни се навредува интелигенцијата и да ни се гази по достоинството, туку користејќи модус кој сметаме дека треба да е иманентен за професори (како модел од кого ние треба да научиме да ги постигнуваме целите преку компатибилен канал) достоинствено и водени според принципите на разумот (на не инстинкти, емоции, интуиција) ќе се конфронтираме со секој што ќе ги наруши функциите на нашата организација.

СПУКМ ги замолува сите да бидат воздржани и смирени, што не значи апатични и индиферентни(како што во нашиот случај тоа беше протолкувано) и да не се посегнува во разорување на универзитетската заедница бидејќи последиците во футуристички поглед би биле погубни за секој од нас. Исто така, би ги замолиле сите кои се обидуваат да го дисквалификуваат СПУКМ со интенција да се наметнат како легитимна студентска организација наместо да шират небулози во јавноста да се обидат да разговараат и да се обединат со нас во заедничката борба што ја водиме за подобрување на квалитетот во високото образование и штитење на интересите на студентите.

Иако со Студентски и Професорски Пленум, сме на иста страна и досега многупати ги подржавме нивните активности ( како на пример протестите, барем голем дел од нашето членство) сепак, идејата за окупирање на универзитетот нема да добие наша поддршка. Сметаме дека е контра правно да се окупира универзитет и да се демонстрира незадоволство, истовремено спречувајќи ги другите студенти нормално и редовно да учествуваат на наставата. Учеството на наставата е остварување на правото на образование, а да потсетиме дека во правните акти (Уставот, законите, конвенциите) рамката на слободата за остварување на правото бива спречена од судирот со поединец или група кои имаат слобода на остварување на права повторно се дури не ја загрозат слободата на другиот/другите. Многумина студенти сметаат дека комплетни услови кои вклучуваат мир, стабилност и одржување на поредокот на образовниот систем не смеат да бидат нарушени. А тоа значи и дека не може да се пушта гласна музика и да се зборува премногу гласно, се додека во библиотека има некој кој чита или во предавална некој што следи предавања. Го ослободивме факултетот? Но од што? Од нас самите, можеби затоа што повеќе би сакале истиот да го претвориме во место за игра и песни одошто место за наука. Па да науката е и така здодевна. Но да потсетиме, манифестната и примарната функција на факултетите не е да се претворат во арена за конфронтација на политички ставови и интереси, на факултетите се занимаваме со наука и градиме научен профил. Човекот е хомо луденс, немаме ние ништо против играта но кој сака да се игра нека повели во парк, на факултет не му е местото. Жалиме што многумина професори повеќе се заинтересираа да дадат поддршка за организирање на протести одошто за организирање на научни, студентски конференции. Ваквиот нивен избор не би го толкувале, ниту би прејудицирале за причините да се однесуваат така како што не се очекува од нив (ниту во полето на професионалната ниту во полето на персоналната етика). Од друга страна би биле многу задоволни доколку оваа борба ја истераме на институционален начин и повеќе би се задржале на правење анализи и конструирање на аргументативна заднина отколку да пројавуваме однесување кое од страна би можело лесно да биде протолкувано и како вандалистичко (силни извици, гласна музика, свирење, одржување на говори кои содржински изобилуваат со куп вулгаризми и термини кои не смее да си дозволи да ги користи академски граѓанин кои се бори да ги задржи привилегиите).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование