X
 14.03.2022 Живот

Во Албанија се реновирани 300 болници, се пофали Еди Рама

Зградите на 300 болници и амбуланти во Албанија се реновирани и обновени, објави албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи.

Тој на „Фејсбук“ објави збирно видео од новиот изглед на 300 болници во Тирана, Дебар, Фиер, Ѓирокастро, Корча, Кукес, Лежа, Скадар, Берат, Драч, Елбасан и Валона.

Рама истакна дека се изградени амбуланти што донеле достојни услуги за повеќе од еден милион граѓани во најоддалечените делови на земјата, каде што до вчера немало никаква услуга.



Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу на „Фејсбук“ постојано споделува фотографии од поранешниот и сегашниот изглед на болниците и амбулантите, а во продолжение можете да видите неколку од нив.



 

 

 
 

Извор: Top Channel

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот